Меркел разочарана поради нови обиди за руско хакирање на нејзината канцеларија

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека има „докази“ за „скандалозни“ обиди на руско хакирање насочени кон нејзината канцеларија.

– Јас искрено можам да кажам дека ми е лошо поради тоа. Секој ден се обидувам да имам подобри односи со Русија, а од друга страна има толку опипливи докази дека руските сили стојат зад тоа, рече канцеларката во своето обраќање пред Бундестагот.

Таа зборуваше за кибер нападот што беше насочен кон Долниот дом на германскиот Парламент и нејзината канцеларија во исто време во 2015 година.

Во 2015 година, Бундестагот беше жртва на кибер напад што му се припишува на руската воена разузнавачка служба ГРУ.

Според германските медиуми, хакерите добиле лични податоци на сервисот за пораки на канцеларијата на германскиот канцелар паралелно со кибер нападот врз Бундестагот.

Меркел рече дека истражителите идентификувале еден осомничен во тој случај.

– Ние се уште го задржуваме правото да преземеме мерки, вклучително и против Русија, рече канцеларката, нарекувајќи го тоа „скандалозен“ чин.

Ова е „целата стратегија“ што ја применува Русија, вклучително и искривување на фактите, продолжи Меркел.

Таа додаде дека во тој контекст, се разбира, не е лесно да се продолжи со обидот за градење подобри односи со Москва.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје