Од почетокот на пандемијата со коронавирус досега во Делчевско поради прекршување на полицискиот час, се поднесени кривични пријави за 54 лица.
Според информациите на командирот на Полициската станица од општа надлежност Делчево, Стојан Димитровски, над 50 од кривичните пријави се однесуваат за прекршување на забраната за движење за време на полициски час.
– Имаме регистрирано вкупно 58 кривични дела во горенаведениот период, од кои за 54 лица веќе има пријави, додека за четири лица допрва ќе бидат поднесени кривични пријави. Најголем дел од нив не ја почитувале забраната за движење поради, што се изготвени казните, вели Димитровски.
Тој додава дека за разлика од прекршителите на полицискиот час, лицата кои биле во самоизолација досега ја почитувале мерката.
– Денеска на две лица им истекува важноста на мерката, со што во моментот имаме уште шест лица во самоизолација. На тие лица кои имаа решенија, денеска им изминува рокот за задолжителна самоизолација, додаде Димитровски.
Во однос на прекршителите на мерките за заштита, над 50 лица од сторителите биле на возраст од 18 до 67 години, додека само четири лица на возраст над 67 години од делчевскиот регион ја прекршиле мерката за забрана за движење.