Влада на РМ: Да не се дискредитира Клиниката за гинекологија

Од:

Владата на Република Македонија, во врска со написот објавен во денешното издание на печатениот весник Дневник, со наслов „На клиниката за гинекологија, стари шпилхозни ги налутија новите мајки-родилки“, со соопштение реагира да не се дискредитира и напаѓа ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје.

– Изразуваме задоволство што во написот објавен во весникот Дневник, инаку дел од компанијата МПМ, единствено нешто што е најдено како слабост или пропуст за ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје е обелената облека на бебињата поради честото перење и одржување на хигиената, се наведува во соопштението.

Од Владата потсетуваат дека сопственик на компанијата МПМ која го издава весникот Дневник е Орце Камчев, кој истовремено е сопственик на болницата Систина, која, се посочува, вложува максимални напори да привлече повеќе пациенти од државната гинеколошка клиника во Скопје, со единствена цел да заработи повеќе пари од пациентите.

Во тие обиди, понекогаш немајќи посилни аргументи, весниците на МПМ, се додава, наоѓаат што било само со цел да ги омаловажат државните клиники и да ги убедат граѓаните да ги користат нивните приватни услуги, се наведува во соопштението.

– Со оглед дека весниците во сопственост на МПМ никогаш немаат напишано нешто негативно за приватната болница Систина и ништо позитивно за државните клиники и болници, би сакале во оваа прилика да ги прашаме зошто токму гинеколошкиот дел од Систина сите комплицирани и потешки случаи веднаш ги препраќа на ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје каде облеката е обелена од перење?

– Зошто многу случаи за кои може и документирано да се докаже, откако ги третираат извесно време во моментот кога ќе дојде до компликации веднаш ги испраќаат на државната клиника? Дали затоа што новите пижами и шпилхозни во Систина не се доволни за да направаат сложени и ризични интервенции кога воопшто не е важно ништо друго освен стручноста и совесноста?, се истакнува во соопштението од Владата на РМ.

Во него се додава дека приватната болница Систина е болница во која е прилично инвестирано и веројатно постојат поетички начини и стандарди да привлечат пациенти отколку тоа да се прави преку дискредитација на јавното здравство.

Би можело да ве интересира

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада

До Владата засега не е пристигнато предлог-решение за правична застапеност, вели Митева

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

ДУИ: Одлуката на ЕУ да ја одвои Албанија од Македонија е најголемиот неуспех за владата