(ВИДЕО) Милошоски: Заев инсистира на небезбедни избори со помала излезност за да го ублажи својот пораз

Од:

„Денес би имал две пораки да испратам, првата е дека ВМРО-ДПМНЕ е прилично задоволна од исходот на вчерашната лидерска средба кај претседателот Пендаровски затоа што начелно беше прифатен планот кој што го понудивме во 4 точки, а тоа е консултација и извештај од Комисијата за заразни болести, консултација извештај и проценка од ДИК, потоа извештај и допис од ОДИХР кога ќе можат да испратат полна набљудувачка мисија и откако ќе се исполнат овие услови на крајот да се направи една сериозна анализа за определување на нов термин за одржување на безбедни, регуларни и кредибилни избори“, рече Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Втората работа која сакам да ја испратам како порака е дека за жал само господинот Заев кој што е претседател на СДСМ остана единствениот изолиран политичар кој што без разлика на потребата од сериозни анализи од здравствен и изборен аспект, лицитира со избори датуми. Но, за среќа ниеден друг претседател на политичка партија присутна на самиот настан не ги прифати неговите лицитации.

Зошто господинот Заев лицитира на ваков начин со датумот за изборите можеме само да претпоставиме, една од претпоставките е дека во последно време се повеќе анонимни дојавувачи така наречени свиркачи се охрабруваа за господинот Заев како премиер и за неговите поблиски соработници да споделуваат со нас материјали кои што се основани сомненија за одредени инкриминирани дејствија.

Веројатно и самиот е свесен за тој податок и сака лов во матно, односно организирање на небезбедни избори кои што би можеле да го намалат одѕивот на граѓаните, а со тоа Заев да го ублажи својот очекуван пораз.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме спремни во секој момент да настапиме на избори, спремни сме да ја преземеме одговорноста, очекуваме добра победа на ниво на цела Република Македонија, а исто така очекуваме од страна на господинот Зоран Заев и господинот Оливер Спасовски откако ќе се состави ново парламентарно мнозинство да има мирна транзиција на власта“, изјави Антонијо Милошоски.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски