Спасовски се надева на натамошно намалување на заканата од коронавирусот, што би овозможило реализирање на изборите

Од:

Премиерот Оливер Спасовски e уверен дека првата фаза од попуштањето на дел од рестриктивните мерки ќе биде проследена со натамошно спуштање на интензитетот од заканата од коронавирусот, што ќе помогне да се реализираат одложените парламентарни избори.

-Да ги почитуваме мерките сите, секаде, секогаш, затоа што тоа е во интерес на сите нас, на нашето здравје, на новата нормалност и на новата економија во нашата земја, напиша Спасовски на својот фејсбук профил.

Тој вчера на прес-конференција истакна дека во моментот кога ќе престане вонредната состојба, треба да продолжат да течат роковите за изборните дејствија.

-Што се однесува до уредбата или правниот механизам за изборите, таа е сосема јасна. Ние немавме друга правна можност за одложување на изборите, освен преку таа уредба да се стават во мирување сите изборни рокови. Тоа значи во моментот кога престанува вонредната состојба продолжуваат да течат роковите за изборните дејствија, рече премиерот во одговор на прашање.

Спасовски потсети дека на лидерската средба се разговарало и биле понудени конкретни датуми во однос на одржувањето на изборите, меѓутоа дека на политичко ниво било одлучено разговорите да продолжат наредната недела, притоа да се обезбедат одредени информации.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски