Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не смета дека победата на неговиот тим над Ливерпул во Лигата на шампионите е резултат на среќа.
„Јорганџиите“ успеаја да го елиминираат актуелниот европски клупски шампион на 11 март по импресивниот пресврт на „Енфилд“.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го критикуваше одбрамбениот пристап на Атлетико Мадрид за време на двата натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Според Диего Симеоне, сепак, фудбалот е како бокс и најважно е да нанесеш удар во последниот дел од натпреварот.
– Фудбалот е како бокс, затоа што мора да знаете кога да нападнете. Во Атлетико ги знаеме способностите што ги имаме како тим. Најновиот пример е кога игравме против Ливерпул – тие се неверојатен тим, но знаевме дека би можеле да ги удриме. Кога ќе разговараат за тоа колку бевме среќни, би им рекол дека ние сме тим кој загуби 0:2, но успеа да постигне три гола. Ова не е среќа. Треба да се гледа целиот дуел, изјави Диего Симеоне во интервју за „АФА“.
Атлетико Мадрид успеа да запише пресврт против Ливерпул, откако губеше со 0:2 до 95-тата минута на „Енфилд“.
Два гола на Маркос Љоренте и еден на Алваро Мората донесоа победа од 3-2 за „црвено-белите“ и место во четвртфиналето од Лигата на шампионите за тимот на Диего Симеоне.