Пакистанските талибанци тврдат дека не се вмешани во двете експлозии за време на Бостонскиот маратон, во кои беа убиени најмалку три лица, а ранети се над 140.
Тие истакнаа дека ги поздравуваат нападите врз САД и нивните сојузници, но нагласија дека на никаков начин не се вмешани во нив.
Групата „Техрик-и-талибан-Пакистан“, која е блиска со Аа Каеда, изврши измнинатите шест години голем број напади врз силите за безбедност во Северозападен Пакистан, шиитското малцинство, секуларните партии и странските интереси во земјата.
Авторот на неуспешниот терористички напад со автомобил-бомба на Тајмс сквер во Њујорк во мај 2010 година изјави дека минал 40 денови со пакистанските талибанци, кои го обучувале да изработува бомби.
Засега никој не ја презеде одговорноста за експлозиите.