Парите буквално му штетат на здравјето

Од:

Британски научници предупредуваат дека парите и кредитните картички се штетни по здравјето, не само во преносна смисла, туку и буквално. Според неодамна објавените резултати на една студија кај десет отсто од луѓето рацете се многу загадени со бактерии од банкноти.

Докторот Реџиналд Катлер, професор на Хемиско-биолошкиот факултет на Универзитетот Квин Мери, вели дека од осум до десет отсто од банкнотите или кредитните картички може да биде многу загадена со бактерии, но дека тоа не се одразува директно на рацете на поединецот.

Тој укажа дека некои луѓе можат да имаат многу валкани раце, но дека притоа нивните пари не мора да бидат загадени.

– Банкнотите имаат век на траење од 18 месеци до десет години и на нив за тоа време се населуваат цели колонии бактерии, објаснува др. Катлер.

Научниците пронашле три основни типови опасни бактерии, главно оние кои предизвикуваат стомачни тегоби, при што најопасни биле бактериите од типот на ешерихија коли, кои спаѓаат во групата опасни бактерии што долго се лекуваат.

Катлер притоа укажа на значењето на хигиената на рацете, кои, како што наведе, треба да се мијат по секое земање храна бидејќи никогаш не се знае дали банкнотата е прекриена со бактерии.

Според него, најдобро е сметката да се плати по јадење, и советува употреба на антибактериски сапун, бидејќи тој е ефикасен неколку часа.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска