Постапки за непочитување на полицискиот час против 29 струмичани

Од:

Постапувајќи по поднесени кривични пријави, Основното јавно обвинителство Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози против 29 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈОРМ, обвинетите, во периодот од 14 до 20 април, во одделни кривично-правни настани, биле затекнати како се движат надвор од своите домови за време на полицискиот час, со што не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Надлежното обвинителство на Основниот суд Струмица му предложи да изрече парична казна за секој од обвинетите во износ од 50 дневни глоби од по 10 евра, стои во соопштението.​

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска