АД ЕСМ: И во услови на криза компанијата го доби сертификатот за управување со квалитет ISO 9001:2015

Од:

АД ЕСМ успеа да го добие, обнови сертификатот за управување со квалитет ISO 9001:2015, и покрај отежнатите услови, пред се во комуникацијата, предизвикани од пандемијата од КОВИД-19, велат од Компанијата.

„Голем дел од комплексната постапка на сертифицирање се одвиваше по електронски пат, согласно препораките за превентивни мерки за спречување на ширење на вирусот.

Сертификациската проверка се изврши преку т.н. Remote Audit Form, односно преку видео-конференциски врски и електронско обезбедување на документацијата.

Сертификатот е добиен од реномираната куќа на светско ниво TUV NORD CERT GmbH од Германија“, се вели во соопштението на АД ЕСМ.

АД ЕСМ положува големо значење на сертификатот ISO 9001:2015, со оглед на тоа што сертификатот обезбедува строго пропишан протокол за работење и потврдува дека компанијата работи по систем за менаџирање на квалитетот, кој е фокусиран на потребите на клиентите и е гарант за испорачување на ниво на квалитет коешто е преземено како обврска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: ДЗР откри неправилности во работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 година

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност