(ВИДЕО) Арсовски: Зоран Заев е „првата виолина“ во случајот „Рекет“

Од:

„Молкот од СДСМ и Зоран Заев за случајот „Рекет“ е уште една потврда дека Зоран Заев е таканаречена прва виолина во целиот случај „Рекет“.

Бледите обиди за дефокус од реалната ситуација во која што се наоѓаат Зоран Заев и СДСМ, а тоа е дека се заглавени до гуша во криминал околу аферите за рекетирање на стопанственици и политичари, не можат да го свртат вниманието на јавноста која ја очекува целата вистина и очекува некој да сноси одговорност, односно да сносат одговорност и извршителите и нарачателите, и сите инволвирани.

Рекетарската власт на СДСМ и Зоран Заев, сеуште не одговори, зошто Зоран Заев молчел од 3-ти април кога го предупредил Бојан Јовановски алијас Боки 13 дека против него се води постапка од странски обвинител, па молчел Заев се до 22 април кога наводно го пријавил случајот кај другарка му Русковска. Да потсетиме на еден факт,а тоа дека никаде не стои официјален запис дека Зоран Заев го пријавил случајот „Рекет“, рече Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Секојдневно се повеќе се заплеткува Зоран Заев во сопствените лаги и тоне надолу.

Дваесет дена Зоран Заев им оставил простор на извршителите на рекетот да се погрижат да прикриваат докази, да губат телефони, да влијаат врз сведоци. Постои сомнеж дека целиот тој период можно е и извршителите на рекетот да биле во директна корелација со Зоран Заев и дослух во целата операција за подготвување на оваа судска фарса од случај која ја води другарката на Зоран Заев Вилма Русковска на крајно аматерски начин.

Затоа, бараме, МВР и ЈО да ги вештачат уште веднаш мобилните апарати на инволвираните, а ЈО иако е под канџите на Зоран Заев да се разбуди, да не спие и веднаш да отворат случај против Зоран Заев за сторено кривично дело, прикривање и помагање во сторување кривично дело. А, понатака како се размотува целото клопче околу случајот „Рекет“ сигурно ќе се стигне и до тоа дека Зоран Заев е нараччател.

Зоран Заев е уценет човек и најважно, заглавен до гуша. Тој мора да си оди од политиката. Стравот кај него е очигледен да не се дознае целата вистина околу случајот „Рекет“.

Вистината е една, а таа граѓаните веќе се повеќе ја зборуваат и ја знаат. Ниту Русковска, ниту било кој нема да успеат да спречат да излезе вистината на виделина околу случајот „Рекет“ и околу другите случаеви на рекетирање и нема никој да го спаси ниту Зоран Заев, ниту другите инволвирани во сите овие криминални афери од било каква одговорност“, изјави Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски