Процесот за олеснување на рестриктивните мерки кои беа воведени поради пандемијата со Ковид-19 треба да биде изведен со голема претпазливост, чекор по чекор, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.
Тој забележа дека мерките кои претходно беа превземени овозможиле да се влезе во нова фаза во борбата против пандемијата.
Дел од таквата руска активност предвидува излез од рестриктивниот режим што е можно побрзо.
Во оваа сегашна фаза, свесноста е клучна, како и постепеното олеснување на превентивните мерки, чекор по чекор, истакна Путин, додавајќи дека мерките не можат наеднаш да бидат укинати.
Рускиот шеф на федерацијата изјави дека таквото олеснување треба да се одвива под строги правила и надзор кои ќе ја гарантираат безбедноста на граѓаните.
На сила и понатаму остануваат мерките како забраната за масовни собири како и посебниот режим на заштита за луѓе постари од 65 години и луѓе со хронични болести.