Франција бара силен одговор на ЕУ за анексија на Западниот Брег

Од:

Франција ќе бара од своите партнери во ЕУ да размислат за силен одговор на Израел, доколку таа држава продолжи де-факто со анексијата на делови од окупираниот Западен Брег, изјавија тројца дипломати на ЕУ.

Белгија, Ирска и Луксембург, исто така, сакаат да разговараат за можноста за економски санкции на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ в петок, изјавија дипломатите, но колективното дејствување бара согласност од сите земји-членки.

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата Влада ќе почне со разгледување за проширување на суверенитетот на Израел врз еврејските населби и долината на Јордан на Западниот Брег во јули, како што е прикажано во мировниот план за Блискиот исток на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Дипломатите на ЕУ не дадоа детали за какви санкции може да сметаат членките на ЕУ за да се обидат да го одвратат Израел од овој потег.

Според оваа постапка, владите на ЕУ треба да побараат од Комисијата и Европската служба за надворешно дејствување (ЕЕАС) да изготват список на опции.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ

Израел конечно призна: Иран ги уништи нашите бази

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимката од ликвидацијата на лидерот на Хезболах во Бејрут

Израел не се откажал од ракетирање на иранските нуклеарни постројки

Американците нападнаа

ВИДЕО: Израел е вампирски режим, а САД бесно куче во регионот рече врховниот лидер на Иран