Евакуиран е сервисот на „Порше“ во Загреб, откако наводно била пронајдена бомба во автомобил, објави порталот Индекс.
Медиумот објави дека околу 13 часот била пронајдена наводно импровизирана експлозивна направа во еден од автомобилите, донесен во сервисот на „Порше Интер авто“ во Загреб.
Сервисот, наводно, бил веднаш евакуиран. Полицијата и деминери се на терен и проверуваат за каква експлозивна направа станува збор, објави порталот.