Најмалку три лица загинаа и над 140 се повредени во двете експлозии близу финалната линија на Бостонскиот маратон. Најмалку 17 од ранетите се во критична состојба.
Две моќни експлозии одекнале речиси истовремено на околу 100 метри една од друга. Уште две неексплодирани бомби се откриени близу до финалето на 42-километарската линија.
Претставник на Белата куќа кој побарал анонимност изјави дека експлозиите се третираат како терористички акт. Истрагата ја презеле од ФБИ.
Локални медиуми јавуваат дека полицијата врши претрес во станови во предградие на Бостон.
Околу 23 илјади луѓе учествуваа на Бостонскиот маратон. Маратонот, кој се организира во чест на Денот на патриотите – празник во државата Масачусетс.