Чулев само што седнал си набавил најскап телефон, за два „ајфона“ МВР платило 170 илјади денари

Од:

Министерството за внатрешни работи платило 173.980 денари за набавка на два телефона за Кабинетот на министерот Наќе Чулев, дознава „А1он“. За еден телефон, платено е 86.990 денари, што е и највисока продажна цена за мобилен уред во нашата држава. Едниот од уредите е наменет за министерот Наќе Чулев, а другиот, неофицијално, за неговиот шеф на Кабинетот.

Двата телефона се набавени неколку дена по назначувањето на Чулев на функцијата технички министер за внатрешни работи.

Чулев требаше да раководи со Министерството за внатрешни работи три месеци, односно до изборите на 12 април. Досега од Чулев нема одговор зошто тој се одлучил да набави најскап модел на телефон, кој ќе го користи само три месеци, како и зошто не се одлучил да набави поевтин уред за него и за неговиот шеф на Кабинетот.

Инаку, станува збор за уреди „ајфон 11 про макс“, најнов модел на телефон што го произведува компанијата „Епл“. Овој уред е достапен во три верзии, а во малопродажба може да се набави и за цена од 66.990 денари. Мобилните телефони што ги набавил Чулев се најдобрите во својата класа, односно премиум-модели на пазарот во нашата држава.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски