Две бомби одекнаа на самата цел на маратонот во Бостон кај хотелот Фермонт Коплеј Плаза. Според првичните информации, има најмалку 12 жртви, а над 50 лица се повредени, пренесе The New York Post.
Експлозијата се случила во моментот кога најголем број маратонци ја минувале целта, на која имало и многубројна публика.
Полициски извори за локалните медиуми откриваат дека се откриени и уништени уште две други експлозивни направи, кои не биле активирани.
Извори во бостонската Општа болница јавиле дека на итното одделение во болницата биле примени најмалку 10 пациенти со откинат екстремитет во инцидентот.
Пренос на BBC во живо.