Во кипарската престолнина Никозија денеска беше откриен споменик на првиот космонаут на Земјата, Јуриј Гагарин, кренат во паркот до зградата на кипарскиот парламент, пренесоа руските медиуми.
Споменикот, дело на рускиот скулптор Владимир Усов, е кренат на иницијатива на градоначалникот на Никозија со активна соработка на рускиот совет за соработка со Кипар.
Спонзор на споменикот е Московска банка.
На откривањето присуствуваа претставници на кипарската влада, на рускиот и кипарскиот парламент, амбасадорите на Русија и Украина и градоначалникот на Никозија.
-Откривањето на споменикот на Гагарин во Кипар, во момент кога земјата преживува тешки времиња, не е случајно.
Гагарин го обединува светот, инспирира големи дела, ни дава сила да ги надминеме тешкотиите, изјави претседателот на друштвото за руско-кипарско пријателство Георгиј Мурадов.