Примопредавање на градочалничкиот мандат во Могила

Од:

Денеска и официјално му беше врачено уверението на новиот градоначалник на Општина Могила,Стево Пивковски, со што тој го започна својот мандат.

Тој уште еднаш истакна дека како независен кандидат, како за време на кампањата така и во целиот негов мандат сака да биде градоначалник на сите жители на општината и очекува дека ќе има добра соработка со Советот.

„И покрај притисоците за време на кампањата, демократијата е победник во Могила“, нагласи Пивковски при примањето на мандатот.

01042013141736_stevo pivkovski

За време на примопредавањето досегашниот градоначалник Славко Велевски ја понуди својата помош и за наредниот период за побрзо и поуспешно завршување на проектите што беа започнати во неговиот мандат.

Пивковски не ја криткуваше работата на досегашниот градоначалник ,но, сепак, истакна дека ќе се заложи за многу повеќе поволности за локалното население, особено за земјоделците, и за подобрување на инфраструктурата во општина Могила.

Би можело да ве интересира

Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ