Во Женева редици за пакети со храна за околу 1.500 најсиромашни

Од:

Повеќе од илјада сиромашни работници и илегални мигранти во Женева чекаат ред уште од раните утрински часови да добијат помош од државата во форма на пакувања со храна.

Редицата, долга еден километар, започна да се формира уште во пет часот утрово пред местото каде волонтерите им поделија околу 1.500 пакувања храна на најсиромашните граѓани на Женева, кои беа најтешко погодени од епидемијата.

epa08412060 People queue to receive bags with food and essential products received from donations at the ice stadium Les Vernets in Geneva, Switzerland, 09 May 2020 amid the ongoing pandemic of the COVID-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus. EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Според „Каритас“, во 2018 година, околу 660.000 луѓе во Швајцарија се регистрирани како  сиромашни, а повеќето од нив биле самохрани родители и луѓе со ниско ниво на образование кои, откако изгубиле работа, имаат потешкотии да најдат друга. Во истата година, 1,1 милиони луѓе беа изложени на ризик од сиромаштија, со приходи под 60 проценти од просекот.

Патрик Виланд од „Доктори без граници“ рече дека минатонеделно истражување во Женева покажало дека околу половина од оние кои примале помош во храна немаат легален статус во земјата, додека другата половина се државјани или баратели на азил. 

Би можело да ве интересира

Левица: Додека функционерите уживаат во луксуз, секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна скеле на зграда висока 60 метри во Швајцарија – тројца мртви, осуммина тешко повредени