Конте: Неопходно е да се „ажурира“ дебатата за видот на Европската унија

Од:

Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска оцени дека поради кризата предизвикана од епидемијата Ковид – 19 неопходно е да се „ажурира“ дебатата за видот на Европската унија, што ќе овозможи зачувување на столбовите како што се единствениот пазар и Шенгенот, но и основните принципи како што е солидарноста.

– Треба да ги заштитиме принципите и столбовите на Европската унија каква ја знаеме со децении и да сфатиме дека без натамошна интеграција, ЕУ ризикува да не биде конкурентен и еластичен глобален играч, рече Конте за италијански Еурактив.

Тој додаде дека има проблеми што бараат придонес на сите членки и дека оваа криза потврдува дека тие веќе не можат да се одложуваат во името на „минималистичкиот“ пристап кон Европа.

Конте се осврна и на иднината на Европа и го поддржа завршувањето на економската и монетарната унија инспирирана, како што рече, „со целосен баланс помеѓу одговорноста и солидарноста“.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он