Спасовски: Избори ќе има, одлуката за датумот детерминирана од здравствената криза

Од:

Избори ќе има само прашање е кога и тоа ќе го одлучиме на лидерската средба на 12 мај, а одлуката пред се ќе се базира на интересите на државата и на граѓаните при тоа оставајќи ги на страна сите политички интереси кои ги имаме и ќе биде детерминирана од развојот на здравствената криза, порача денеска премиерот Оливер Спасовски.

-Времето на пандемијата и здравствената криза и на се она што ни се случува во државата бара висока политичка одговорност. Очекувам дека на лидерската средба ќе се постигне договор во однос на одржувањето на изборите кога впрочем тоа и е можно врз основа на сите правни активности, рече Спасовски во одговор на прашање по положувањето венци пред Споменикот на ослободителите на Скопје во дворот на Владата во чест на 9 Мај, Денот на победата на фашизмот и Денот на Европа.

Одлуката за датумот на изборите, како што рече, ќе треба да се донесе врз основа на стручните анализи на Комисијата за заразни болести.

-Не знам дали е идеално време јуни за да се одржат парламентарните избори, но заради најавите дека е можно да се врати оваа криза уште еднаш после септември, мислам дека е неопходно да се одржат што е можно побрзо, имајќи предвид дека на државата и се потребни функционални институции кои ќе можат да носат одлуки за сите прашања кои се во интерес на граѓаните, посочи Спасовски.

Сепак, нагласи, тоа ќе биде детерминирано и од развојот на здравствената криза.

-Очекувам дека се добри ефектите од сите мерки што досега ги преземавме и дека ќе дадат уште подобри резултати со што ќе се створат услови за да можеме да одиме на парламентари избори дали ќе биде јуни, дали ќе биде почетокот на јули, меѓутоа како и да е ќе биде одлука што треба да се донесе врз основа на тие стручни анализи, потенцира Спасовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ бара зголемување на платите на полициските службеници и сите вработени во МВР

(ВИДЕО) Спасовски: Владата во случај на криза ќе нема пари за помош на граѓаните

(ВИДЕО) СДСМ бара 20% зголемување на платите на полицајците

А1он

Спасовски до Мицкоски: Направивте брутална партизација со бројни примери за непотизам

А1он

Спасовски: СДСМ поднесе амандман за награда на пожарникарите, полицајците, војниците, за гасењето пожари

Синдикатот на полицијата поднесе кривична пријава против Оливер Спасовски

Катерина Ѓуровски