Двајца крадци среде бел ден од стан во Париз украле прстен чија вредност се проценува на милион евра, како и накит вреден 30.000 евра, објави францускиот весник „Паризијен“.
Жртвата на грабежот е 46-годишна жена, која ги сретнала двајцата злосторници во моментот кога излегувале од нејзината зграда, што се наоѓа на париската авенија „Виктор Иго“.
Кога влегла во нејзиниот стан, таа само констатирала дека сефот и е испразнет.
Истрагата во врска со грабежот и е доверена на полициската Бригада за сузбивање на разбојништва.