Европа скромно ќе го одбележи Денот на победата

Од:

Оваа година Европа скромно ќе ја одбележи 75-годишнината од крајот на Втората светска војна, бидејќи во повеќето земји на сила се рестриктивни мерки поради новиот коронавирус.
Настаните се сведени на скромно ниво или нивната организација е преместена преку интернет, поради мерките за физичка дистанца.

Германската канцеларка, Ангела Меркел и претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмајер ќе положат венец на споменикот на жртвите од војната и диктатурата, додека на Бранденбуршката порта ќе биде проектирана порака „Ви благодариме“, упатена кон сојузните сили.

Во Париз ќе се одржи церемонија затворена за јавноста, каде претседателот на Франција, Емануел Макрон ќе положи венец на Споменикот на непознат војник.

Во Велика Британија по обраќањето на кралицата Елизабета Втора ќе следи двеминутно молк. На нацијата ќе се обрати и британскиот премиер Борис Џонсон, а авионите на Кралските воздухопловни сили ќе летаат над четири градови во Велика Британија .

Политичарите од Чешка ќе пристигнуваат во интервал од десет минути, за да положат венец на споменикот на Витков рид во Прага.

Во Австрија ќе биде одржана виртуелна церемонија во знак на сеќавање на жртвите од Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Пентагон размислува за повлекување на илјадници војници: Европа е загрижена за плановите на Вашингтон

Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија