ФРОНТЕКС предупредува на нов бран бегалци

Од:

Европската агенција за заштита на границите ФРОНТЕКС предупредува на нов бран бегалци на границата помеѓу Турција и Грција, објави германскиот весник „Велт“, повикувајќи се на интерен, доверлив извештај за актуелната ситуација.

– Откако ќе бидат укинати ограничувањата поради коронавирусот ќе уследи масовно движење на мигрантите во правец на турско-грчката граница, се наведува во документот на ФРОНТЕКС.

Европската агенција истакнува дека пандемијата со Ковид-19 ја спречи грчката Влада да го реализира својот план за значително зајакнува на полицијата околу реката Еврос.

– Планираното испраќање на дополнителни 400 полицајци во регионот околу Еврос е одложено поради вирусот, наведува ФРОНТЕКС.

Во документот се посочува и дека кон крајот на февруари и почетокот на март повеќе илјади мигранти се обиделе да ја премина турско-грчката граница.

Би можело да ве интересира

Македонија учесник во операција предводена од Фронтекс, пронајдени 505 украдени автомобили, 16 чамци и 2.000 украдени делови за возила

Катерина Ѓуровски

Почеток на заедничката операција со ФРОНТЕКС

Макрон до Пендаровски: Договорот со Фронтекс е доказ дека во ЕУ се почитуваат македонскиот јазик и идентитет

Талески: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Договорот со Фронтекс во Собрание

Нуркачите немоќни, временските услови лоши: Хеликоптер на Фронтекс се вклучува во потрагата по детето од Херцег Нови

А1он

Фронтекс објави необична мапа: Русите масовно доаѓаат во ЕУ, но и се враќаат и во Русија

А1он