Еден починат, потврдени 14 нови случаи на Ковид-19

Од:

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 20 оздравени пациенти во: Скопје – 1, Куманово – 9, Прилеп – 2, Велес – 7 и Битола – 1.

Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 април.

Во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје – 5, Прилеп – 2, Тетово – 1 и Велес – 6, велат од МЗ.

Согласно ова вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.586, бројката на оздравени пациенти е 1.099, на починати е 90, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.

Последната дистрибуција по градови е:

 Скопје – 531, активни 130
 Куманово – 404, активни 61
 Дебар – 51, активни 0
 Штип-35, активни 2
 Прилеп –169, активни 62
 Тетово – 96, активни 42
 Струга – 67, активни 16
 Велес – 101, активни 46
 Битола –22, активни 3
 Охрид –15, активни 9
 Кавадарци – 5, активни 1
 Гостивар –17, активни 3
 Гевгелија – 4, активни 0
 Струмица – 2, активни 0
 Крива Паланка- 6, активни 2
 Радовиш – 4, активни 0
 Крушево – 3, активни 0
 Кочани – 31, активни 5
 Пробиштип – 2, активни 0
 Кичево – 2, активни 1
 Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
 Демир Хисар – 1, активни 0
 Македонски Брод – 2, активни 1
 Пехчево- 2, активни 2
 Делчево-1, активни 1
 Валандово -1, активни 1
 Виница – 2, активни 1
 Кратово-1, активни 1

Направените 242 теста се преку: ИЈЗ –107, Ветеринарен ф-тет -11, Авицена –3, Биотек -38, Филип Втори (Жан Митрев) –42, Систина со PCR-метода -22 и МАНУ -19. Досега во земјата се направени вкупно 18410 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 пациенти со потешка клиничка слика, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 16, а на механичка вентилација 4 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 20. На респираторна машина се 2 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекува 1 пациент, а на домашно лекување се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 5, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово сe хоспитализирани 46 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19, соопштуваат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски