Цреша за здрави зглобови и витка става

Од:

За кратко време ќе започне сезоната на црешите. А црешата на секој од нас добро му е позната и како плод.

Експертите тврдат дека нивното користење со годините енормно се намалува, луѓето како да ја губат еуфоријата за јадење на овој вкусен плод. Денес прочитајте зошто овој тренд не треба да продолжи во иднина.

Списокот на корисни материи што ги содржи црешата е навистина долг. Црешата содржи навистина големи количини на витамин Ц, фолна киселина и железо, но интересен е и фактот што содржи многу растителни бои, односно антоцијаниди. Црешите што имаат потемна боја содржат многу поголеми количини на антоцијаниди, па поради тоа се и поздрави.

Црешата според истражувањето го намалува количеството на мочна киселина и ги смируваат воспаленијата, затоа црешата е идеален избор кај луѓето кои патат од реума, и други болести кои ги напаѓаат коските.

Добрата вест особено за дамите е дека антоцијанидите кои ги има во црешата имаат одличен козметички ефект. Го затегнуваат сврзното ткиво и спречуваат настанување на бори.

Антоцијанидите во црешата ги уништуваат штетните ензими кои се создаваат во кожата со тоа го спречуваат настанувањето на целулит, а и штитат од карцином.

Со помош на овошните шеќери кои ги има многу во црешата се потикнува работата на цревата и гастро – интестиналниот тракт.

Црешната е делотворна за исфрлање на вишокот вода од организамот па затоа придонесува за растеретување на срцето, крвните садови и го намалува крвниот притисок. Стоматолозите го препорачуваат конзумирањето на црешите бидејќи според истражувањата ги намалува воспаленијата на гингивите и спречува настанување на забни наслаги.

Извор: Доктори.мк

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска