Предложени казни за 16 лица од Скопје за прекршување на полицискиот час

Од:

Против вкупно 16 лица Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози заради непочитување на полицискиот час.

Како што соопшти ЈОРМ, сите обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија со што сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време епидемија предвидено во член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство Скопје на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за сите обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска