Интер Мајами на Дејвид Бекам се обидува да го привлече играчот од средниот ред на Рома, Хавиер Пасторе.
Договорот на 30-годишниот Аргентинец истекува во 2023 година, но клубот е подготвен да го раскине во текот на летото поради многуте повреди.
Пасторе потпиша во летото 2018 година, а за него беа платени 24,7 милиони евра на ПСЖ, но поради здравствени причини тој пропушти 29 натпревари.
Клубот од МЛС веќе започна разговори со претставници на Аргентинецот, кој е подготвен да игра во Соединетите држави.