Кипар продава голем дел од резервите во злато за излез од кризата

Од:

Кипар ќе продаде поголем дел од своите златни резерви со цел да ја ублажи финансиската криза. Потегот доаѓа по барање на тројката меѓународни кредитори на медитеранската островска земја, ЕУ, ЕЦБ и ММФ.

Весникот „Филелефтерос“ го цитира лидерот на десно-центристичката партија „Демократски собир“ (ДИСИ) Авероф Неофиту, кој пред Парламентот ја потврди веста за претстојната продажба на златото од резервите на земјата во вредност од 400 милиони евра, потребни за реализација на антикризната програма на Владата.

Според изнесените податоци од Неофиту, Кипар моментално располага со 446 илјади унци злато. Со сегашната вредност на златото меѓународниот пазар од околу 1560 долари за унца, и курс на еврото од 1,31 во однос на доларот, вкупната вредност на кипарските резерви на злато изнесува 5,39 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ