(ВИДЕО) Честитка од Петровска по повод Денот на полицијата

Од:

Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска денеска упати честитка до припадниците на македонската полицијата и им се заблагодари за нивната посветеност и професионалност и за се она што го направиле за земјава.

-На сите сегашни и поранешни припадници на МВР ви го честитам Денот на македонската полиција. Секој од вас остави дел од она што го живееме денес. Секој од вас се посвети на создавањето на нашата држава. И токму затоа ви упатувма искрени честитки и бескрајна благодарност, за вашата посветеност, за вашата професионалност, но и истрајност. Заедно поминавме многу премрежја, пербродивме многу предизвици, но пред нас претстојaт и многу реформи кои треба да ги спроведеме за да македонската полицијата застане рамо до рамо со европските полиции во светот. Им оддавам почит на оние кои ги положија своите животи за денес да живееме во слободна држава, вели Петровска во видео честитката.

Македонија, вели, е членка на НАТО и наскоро ќе започне преговори со ЕУ. Тоа, според неа, е доволен доказ дека сме на вистинскиот пат да направиме реформи кои ќе бидат за доброто на сите нас, за доброто на државата, но и за граѓаните, кои, како што вели, секогаш ќе бидат во фокусот на нашето дејствување.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он