Јапонија го одобри Ремдесивир за лекување на Ковид-19

Од:

Јапонија го одобри Ремдесивир на американската компанија Гилеад сајанс за лекување на заболените од Ковид-19, соопшти јапонското Министерство за здравство.

Со тоа, Јапонија стана втората земја по САД, која и официјално го авторизираше тој лек за болеста предизвикана од новиот коронавирус.

Јапонија, одлуката ја донесе само три дена откако американската фармацевтска компанија побара одобрение по брза постапка.

Јапонското Министерство информира дека Ремдесивир ќе се дава на пациентите со тежок облик на Ковид-19.

Mинатата недела доби одобрение од американската Агенција за храна и лекови за интервентна употреба.

Јапонија, со само 16 илјади заболени и помалку од 800 починати, има значително помалку случаи од останатите високо развиени индустриски земји.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови