Во Шведска без карантин починаа повеќе од 3.000 луѓе

Од:

Епидемиолозите во Шведска велат дека нивниот пристап кон пандемијата на новиот коронавирус без мерки на ограничување е успешен, а Си-Ен-Ен наведува дека бројот на заразени и бројот на починати не го потврдува нивниот став.

Шведска не им се придружи на многу од нејзините европски соседи во наметнување строги ограничувања за граѓаните, а фотографиите на луѓе кои одат на работа или седат во кафулиња, дружејќи се во паркови, беа вообичаени.

Сепак, најмалку 3.000 луѓе починале како резултат на вирусот Ковид-19, соопшти шведската Агенција за јавно здравје.

Вкупно се регистрирани 24.623 случаи заразени со вирусот.

Шведска имаше релативно опуштен пристап кон социјалната дистанца во однос на другите земји во Европа, наведува Си-Ен-Ен.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица