Повторно пролонгирани парламентарните избори во Сирија

Од:

Претседателот на Сирија, Башар ал Асад повторно ги одложи парламентарните избори поради пандемијата со Ковид-19.

Сириските власти во март ги пролонгираат изборите од 13 април на 20 мај.

Парламентарните избори би требало да се организираат во јули.

Во Сирија во март се воведени мерките за спречување на ширењето на новиот коронавирус.

Во зоните под контрола на власта регистрирани се 44 инфицирани лица со Ковид-19, од кои тројца починале, додека во североисточниот дел на Сирија, што е под контрола на курдските сили пријавени се три заразени лица, од кои еден човек почина.

Во Сирија и покрај укинување на дел од рестриктивните мерки, останува во сила полицискиот час.

Престојните парламентарни избори ќе бидат трети од почетокот на војната во 2011 година во Сирија.

Сириските власти со помош на руските и иранските сојузници повратија контрола над повеќе од 70 отсто од територијата.

Повеќе од 380.000 луѓе загинаа во војната во Сирија.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка