Одбележување на Денот на македонската полиција

Од:

Министерството за внатрешни работи денеска ќе го одбележи 7 Мај – Денот на македонската полиција.

Свеченоста од 11.30 часот ќе се одржи во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, каде што во присуство на раководството на МВР, вработени и поканети гости од дипломатскиот кор ќе се обрати министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Ќе има показни вежби од единиците на МВР и доделување плакети за посебен придонес и заложба во работењето на Министерството за вработени во МВР и плакети за благодарност до претставниците на дипломатскиот кор.

Претходно, во 9.45 часот, во кругот на МВР пред зграда бр.1 раководството на МВР ќе им оддаде почит на загинатите бранители, со положување свежо цвеќе на спомен-обележјата.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он