Вонредната состојба во Шпанија продолжена за две недели

Од:

Шпанскиот премиер Педро Санчез обезбеди доволно гласови во парламентот за вонредната состојба во земјата да продолжи за уште две недели, а ќе почне да важи од следната недела.

Британските медиуми јавија дека продолжувањето на вонредната состојба го поддржаа 178 пратеници, 75 беа против, додека 97 се воздржаа од гласање.

Строгите рестриктивни мерки дадоа резултати, така што има 244 смртни случаи, што е многу помалку од речиси 1.000 колку што дневно беа регистрирани на почетокот на април.

Рестриктивните мерки, сепак, ја уништија економијата и доведоа до големи загуби на работни места.

-Укинувањето на вонредната состојба би било тотално непростлива грешка, рече Санчез за време на говорот во парламентот, во кој наведе дека милијардите евра државна помош на претприемачите и лицата погодени од рестриктивните мерки беа пуштени благодарение на фондот за итни случаи.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата