Рускиот претседател, Владимир Путин изјави дека Русија не треба да брза со укинување на ограничувањата кои се однесуваат на коронавирусот, предупредувајќи дека какво било брзање при повлекување на превентивните мерки може да го анулира досега постигнатото.
Тој истакна дека гувернерите ќе имаат одговорност да одлучат околу начинот на делување во своите региони.
Рускиот центар за одговор на кризата со коронавирусот соопшти дека бројот на заразени случаи со Ковид-19 во последните 24 часа се зголемил за над 10.000, четврти ден по ред, и сега изнесува 165.929 лица.
Истовремено, во Русија има 1.537 починати од новиот коронавирус.