(ВИДЕО) Јорданов: Распука дел од криминалната тендер коалиција, додека Дончев бега, Жути ја полни сметката

Од:

„Ден Дончев бега, а Жути зема тендери. Распука дел од криминалната тендер коалиција. Дончев пакува куферите а Жути ја полни сметката.

Криминалниот тендер со стентови во Клиничката болница во Штип, беше само вовед во тоа што јавноста допрва ќе слуша. Веќе е направена шемата за нов криминален тендер, кој ќе се случува по веќе видено сценарио.

Имено, Клиничката болница од Штип и покрај тоа што од пред неколку години поседува имунолошки анализатор од марката Абот Архитект, сега повторно доби нов таков анализатор, кој ќе работи само со еден вид затворен круг реагенски. Ако знаеме дека во ваквите шеми, главен лик е Жути, веднаш можеме да претпоставиме што ќе следува“, вели Иван Јорданов, Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип.

„Токму фирмата на Александар Јовановски – Жути е таа што ги набавува реагенсите за овој анализатор. Нашите информации посочуваат дека тендерот за набавка на реагенсите ќе изнесува 8.300.000 денари.

Иако тендерот за реагенси во Клиничката болница Штип се‘ уште не е распишан, за кратко ќе се увери јавноста во ова за кое предупредуваме.

Со овие информации сакаме навремено да ја информираме јавноста за шемите на Филипче со раководството на Клиничката болница во Штип, а кои се во тесна соработка со фирмата на Александар Јовановски – Жути.

Затоа, предупредуваме! Тендерот за реагенси е веќе наместен и спецификацијата е напишана според потребите на фаворизираната фирма, кое упатува кон уште еден криминал од епски размери“, изјави Иван Јорданов, Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ