А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Прв случај на пациент со Ковид-19 тргнат од респиратор, оптимистички бројки на Институтот за јавно здравје

by А1он06/05/2020 - 07:1906/05/2020 - 09:30562
Share0

Од почетокот на појавата на коронавирусот, земјава вчера го регистрираше првиот случај на заболен пациент кој е тргнат од респираторна машина откако пред три недели бил примен во тешка состојба. Тој пет – шест дена примал озонска терапија, антибиотици и антиинфламаторни лекови. Оптимистички се и бројките на Институтот за јавно здравје кој евидентира осум нови случаи, еден починат и 21 оздравен пациент.

Следете a1on на Instagram Instagram

Триесет и седумгодишниот пациент кој е тргнат од респираторна машина е хоспитализиран во Градската општа болница „8 Септември“ и тој според директорот на болницата Христијан Костов, сам дише и неговата состојба е стабилна.

– Му треба време на организмот. Ние пробуваме. Ако му падне сатурацијата (присуството на кислород во крвта) може повторно да го ставиме на респираторна машина. Мора да му се даде време. Неопходни се 24 до 48 часа за да сме целосно сигурни дека на пациентот не му треба респираторна машина. Ова е резултат на ангажманот на целата екипа во болницата која макотрпно работи, изјави Костов вчера за МИА.

Следете a1on на Youtube YouTube

Со новодијагностицираните пациенти, бројката на заболени во земјава од почетокот на епидемијата се искачи на 1.526 лица и на 86 починати. Сепак, бројката на оздравени надмина илјада, а бројот на активни случаи изнесува 427.

Според последните податоци што вчера ги објави Министерството за здравство, на Клиниката за инфективни болести вкупно се хоспитализирани 41 пациент. На кислородна поддршка се 19 пациенти, а на механичка вентилација еден. Во ГОБ „8 септември“ вкупно се хоспитализирани 14 пациенти, тројца пациенти се на респираторна машина, а четворица се со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се лекуваат четворица пациенти, а на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани четворица пациенти, а уште тројца се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 52 позитивни и суспектни на Ковид-19.

Здравствениот сектор вчера остана без првиот човек на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев кој поднесе оставка од приватни семејни причини.

Неговата оставка беше констатирана на вчерашната владина седница. Дончев раководеше со ФЗОМ од 2017 година.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео