Екстремистичка група Ал Шабаб во Сомалија, поврзана со Ал Каеда ја презеде одговорноста за денешните напади на зградата во судот во Могадиш, во која загинаа 19 лица, вклучувајќи и девет напаѓачи.
-Ова беше света акција чија мета беа неверниците во судскиот комплекс. Ќе продолжиме се додека Сомалија не ја ослободиме од окупатори – изјави портпаролот на Шабаб, шеикот Али Мохамед Раге, пренесе агенцијата „Франс прес“.
Во двата напади пред и во зградата на судот загинаа вкупно 19 лица. Зградата на судот се наоѓа во близина на административниот дел во градот и е добро обезбедувана.
Елена Георгиевска