Спасовски – Герберих: Направени се историски исчекори, очекувања за натамошен демократски развој

Од:

На средбата која денеска ја имаше премиерот Оливер Спасовски со Томас Герберих, амбасадор на Германија кој го завршува својот мандат во нашата држава, поздравени се историските исчекори на земјава во демократските процеси, добрососедските односи, членството во НАТО и отворените европски перспективи со одлуката на ЕУ за почеток на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Спасовски изрази благодарност до канцеларката Меркел, до германската Влада, до амбасадорот Герберих и до Германската амбасада за огромната поддршка во сите специфични процеси во нашата држава, за искреното и големо пријателство од Сојузна Република Германија, како и од сите земји членки на ЕУ, со што позитивните резултати од овие големи процеси станаа реалност.

– Ви ја врачувам оваа плакета како знак на огромна благодарност за сè што направивте лично и како претставник на нашиот голем пријател, Сојузна Република Германија, за Република Северна Македонија и за нашите национални интереси, рече премиерот Спасовски.

На средбата е поздравена работата на Владата за време на здравствената криза, како успешно справување со ситуацијата.

-Направивме сè да го заштитиме јавното здравје и да обезбедиме функционалност на здравствениот систем и покажавме дека, ако се сака, институциите можат да функционираат. Ќе продолжиме со грижата за граѓаните и за државата, рече премиерот Спасовски.

Тој се заблагодари за поддршката од Германија и од ЕУ на нашата земја, во надминувањето на предизвиците од здравствената криза.

На состанокот се споделени информации и оценки околу можното траење на пандемијата и мерките за здравствена заштита што ќе се преземаат во услови на можно релаксирање на рестрикциите на движење.

-Разговарано е и за други актуелни прашања. Оценето е дека Република Северна Македонија покажала дека е вистинска демократска земја и очекувањата се дека низ реформските процеси ќе продолжи да се развива во таа насока, се наведува во соопштението од прес-службата на Владата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито