Рускиот претседател, Владимир Путин, го одликува севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун по повод 75-годишнината од победата над нацистичка Германија, соопшти денеска Амбасадата на Русија во Пјонгјанг.
– Воениот медал Ким го доби поради улогата во зачувување на сеќавањето на советските војници, кои загинаа на севернокорејска територија, се наведува во соопштението на руската амбасада.
Рускиот амбасадор Александар Мацегора медалот го врачи на севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Сон-гвон, додека Ким не присуствуваше на церемонијата.
На фотографиите од средбата во Пјонјанг се гледа како севернокорејските и руските претставници носат маски, иако Северна Кореја досега не пријавила ниту еден случај на зараза со Ковид-19.
Русија минатата година го покани Ким да ја посети Москва на 9 мај и да присуствува на воената парада по повод 75-годишнината од победата во Втората светска војна. Парадата минатиот месец е откажана поради пандемијата со новиот коронавирус. Севернокорејскиот лидер и пред пет години беше поканет да присуствува на парадата во Москва, но тој одби.