Парични казни за четворица прилепчани за непочитување на полицискиот час

Од:

Основното јавно обвинителство Прилеп денеска поднесе четири предлога за издавање казнен налог за четири лица, жители на Прилеп, соопштија од ОЈО Прилеп.

Секој од нив во одделни случаи го сторил кривичното дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Сите обвинети не се придржувале кон забраната за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, па без дозволи се движеле пеш или со возила за време на полицискиот час, информираат од обвинителство.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд Прилеп ги доставил предлозите со кои предлага судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја дневна глоба со висина од по 20 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска