(ВИДЕО) ЕСМ: Расте нивото на акумулациите

Од:

Во последните два месеца континуирано расте нивото на акумулациите каде АД Електрани на Северна Македонија има производни капацитети или користи дел од водата од истекот на природните езера, информираат од компанијата.

-Во најдобар ред се одвива процесот на производство на електрична енергија од хидроелектраните, како и процесот на снабдувањето со вода за пиење и наводување, а во исто време на високо ниво се одржуваат биолошките услови за живиот свет во акумулациите и по теченијата на реките, соопшти АД ЕСМ.

Оттаму прецизираат дека акумулацијата Тиквеш се наоѓа на ниво од 262 метри надморска висина, односно на само три метри под максималната кота. Охридско Езеро во моментот е на ниво од 693,67 мнв., додека минималната кота е 693,10.

Дебарското Езеро, како што посочуваат е на ниво 572,36 метри, а минималната кота е 560. Мавровското Езеро е на 1216,76 метри, а минималната кота е 1207. Нивото на Глобочица изнесува 686,74 метри, додека минимумот е 682,60. Козјак, пак, се наоѓа на кота од 450,62 метри, додека минималната кота таму е 435 метри, а Света Петка е на ниво од 357,06, додека пропишаниот минимум е 355 метри.

-Сите коти на акумулациите се на своите просечни вредности за овој период од годината и се високо над дозволените минимални нивоа. Се надеваме дека оваа година ќе биде хидролошки подобра од 2017, 2015, 2012 или 2008 година, кои беа сиромашни во врнежи, велат од АД ЕСМ.

Најавуваат дека континуирано ја следат состојбата и оти во изминатиот период се произведуваше помалку електрична енергија од хидроелектраните од тоа што беше планирано, имајќи го предвид токму, како што посочуваат, значењето кое водните ресурси го имаат за секоја сфера и дејност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: ДЗР откри неправилности во работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 година

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност