Основното јавно обвинителство Скопје предложи казни од по 2.000 евра за секој за 37 лица за непочитување на полицискиот час.
Од ЈО информираат дека сите обвинети се товарат дека не ја почитувале одлуката за забрана и посебен режим за движење на населението и биле затекнати како се движат на различни локации во градот за време на полицискиот час.