Чулев: Се снима спот, но не станува збор за никаква злоупотреба на полициските сили

Од:

По објавувањето на веста дека во сред пандемија и полициски час се снима спот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“, техничкиот министер Наќе Чулев преку статус на социјалните мрежи го потврди тоа. Тој вели дека спотот е со цел благодарност на полицајците, медицинарите и Армијата за справување со коронавирусот.

„Ја информирам јавноста дека вечерва во близина на спортскиот центар Борис Трајковски се снимаше кратко видео по повод Денот на полицијата, а со кое Министерството за внатрешни работи ќе се заблагодари за придонесот на полициските службеници, здравствените работници, припадниците на армијата и сите други во справување со коронавирусот“, објаснува Чулев на социјалните мрежи.

Тој вели дека со ангажирањето на полициските службеници не ги нарушило активностите на Министерството за внатрешни работи, ниту пак, полицајците биле злоупотребени.

„Не станува збор за никаква злоупотреба на полициските сили, туку за еден мал гест со кој ќе се заблагодариме за нивната секојдневна жртва, ќе се валоризира нивната посветеност во заштита на здравјето на граѓаните, a истовремено ќе се подигне нивниот морал. Воедно, потенцирам дека со денешните активности во ниту еден момент не се нарушени тековните активности на Министерството за внатрешни работи. Доколку, некои од моите колеги во Министерството за внатрешни работи ја спори важната улога на полициските службеници во обезбедување на здравствената сигурност на граѓаните го повикувам јавно да го каже тоа. За мене тие се хероите, така ќе биде и во иднина и тие ги заслужуваат сите наши пофалби и признанија“, напиша Чулев.

Чулев ѝ натаму не одговара на прашањата oд „А1он“ која и колкава е итноста од снимање на видео спот во време на пандемија од коронавирусот, како и потребата од ангажирање на полициски службеници за кои неговата заменичка, Славјанка Петровска тврди дека работат деноноќно за спроведување на мерките и контрола на полицискиот час.

Претходно, Славјанка Петровска се огради од снимањето на спотот и кажа дека не учествувала во таа активност. Таа вели дека несовесно е полицајци кои деноноќно се ангажирани за контрола на полицискиот час, но и спроведување на мерките за коронавирусот, да бидат статисти во спот.

Инаку, „А1он“ веќе објави дека возилата на полицијата неколку часа со вклучени ротирачки светла стојат на паркингот кај СП Борис Трајковски. Таму се присутни и полициски службеници. Нема одговор ниту од Министерството за внатрешни работи околу тоа, дали и колку средства се потрошени за снимање на спотот.

Би можело да ве интересира

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски