Шпанското фудбалско првенство ќе продолжи во јуни, откако Министерството за здравство даде дозвола клубовите да се вратат на тренинзи, соопшти Ла Лига.
Првенството ќе продолжи без публика.
Остануваат уште 11 кола во Ла Лига, на табелата води Барселона со 58 бода, два повеќе од Реал Мадрид.