Формула 1 започнува во јули со „драконски мерки“, соопшти извршниот директор на Ред Бул

Од:

Планот на Формула 1 да ја започне сезоната во Австрија на 5 јули вклучува многу строги мерки за стопирање на инфекцијата од коронавирус, изјави директорот на Ред Бул, Кристијан Хорнер.

– Секако, мерките за тестирање, истражување и ограничување на групните контакти ќе бидат драконски, но ние ќе ги прифатиме ако тоа ни овозможи да ја започнеме сезоната. Ако сè оди според планот, ќе биде добар пример да се следи и од другите патеки, вели Хорнер за „Аутоспорт“.

Една од мерките е да се ограничат вработените во тимот на можеби 80 за секој. Тие ќе мора да бидат во ист хотел и да патуваат заедно. Контактот со членовите на другите тимови ќе биде забранет.

– Планиравме не само заштитни мерки за луѓето во Формула 1, туку и за домаќините на трките. Контактите со навивачите и со нормалните граѓани, исто така, ќе бидат забранети. Ова Гран-при ќе биде се друго, освен традиционално,додава шефот.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес