А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Мурати: Постапувањето на Судот за распуштањето на Собранието ќе зависи од ставот на работниот состанок

by А1он04/05/2020 - 15:06365
Share0

Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати во изјава за МИА вели дека минатиот четврток (30 април), од страна на судијата д-р Осман Кадриу е доставен предлог за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието, поради што закажал работен состанок на судиите, кој треба да се одржи оваа среда по завршувањето на седницата. Притоа, како што истакнува, понатамошното постапување на Судот по ова прашање ќе зависи од ставот кој би се зазел на овој работен состанок.

Следете a1on на Instagram Instagram

Мурати вели дека на дневниот ред за седницата која треба да се одржи оваа среда е предвидено разгледување на Одлуката за утврдување на постоење на вонредната состојба број 08-526/2 од 18 март 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.68/2020), донесена од Претседателот на Република Северна Македонија.

-По однос на втората одлука на претседателот на Републиката за утврдување на постоење на вонредна состојба, можам да Ве информирам дека има оформен посебен предмет и штом се изготви реферат ќе биде предложен за разгледување на седница на Судот,. истакнува претседателот на Уставниот суд

Во однос на одлуката за солидарноста во борбата против коронавирусот, Мурати истакнува дека никој од судиите не ја оспорил или е против легитимната цел – обезбедување средства за борбата со пандемијата, туку е спорен начинот на кој тоа е сторено – преку норми за чија неуставност и незаконитост постои основано сомнение. Додава дека тој лично ќе донира 20 проценти од својата нето плата за месец април и дека дал предлог до другите колеги, но вели, сепак тоа е лична одлука.

Следете a1on на Youtube YouTube
sobranieustaven sud

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он18/05/2026 - 16:06

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски18/05/2026 - 13:0518/05/2026 - 13:11

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Горан Наумовски07/05/2026 - 15:20

Уставен суд ја отфрли иницијативата за пензионерите во странство кои не добија зголемување

Катерина Ѓуровски06/05/2026 - 13:3906/05/2026 - 13:40

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он29/04/2026 - 18:44

Уставниот суд ќе одлучува за празниците во Кичево за 2025

Горан Наумовски29/04/2026 - 09:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто