Казна затвор за следбениците на католичка јасновидка во Бурунди

Од:

Суд во Бурунди досуди пет годишна затворска казна за 182 следбеници, на наводната католичка јасновидка Зебије, која тврди дека и се јавува Девица Марија, објавија медиумите.

Следбениците на триесетгодишната јасновидка, се притворени бидејќи не ја почитувале забраната на полицијата за собир на ридот кој станал место на верниците, откако Зебије објавила дека тука секој 12 во месецот се појавува Богородица, пренесе Агенција „Франс прес“.

Во судскиот процес, највисоки казни, од пет години добиле 15 лица, кои се прогласени за водачи на групата, додека останатите се казнети со шест месеци до три години затвор. Дванаесет деца помлади од 14 години се ослободени.

Во март во судир помеѓу полицијата и приврзаниците на Зебије загинаа најмалку 6 лица додека 35 беа повредени.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Масакр во Бурунди: Убиени се најмалку 20 луѓе, меѓу нив 12 деца, две бремени жени и еден полицаец

Горан Наумовски

Десет млади ракометари од Бурунди кои исчезнаа во Хрватска, сега се „појавија“ во Белгија

Горан Наумовски

Мистериозни исчезнување во Хрватска: Нема трага ни глас од 10 ракометари од Бурунди

Младите ракометари од Бурунди дојдоа во Хрватска на светското првенство, а потоа исчезнаа

Предраг Петровиќ

Бурунди нема да дозволи влез на специјалниот известувач на ОН во земјата

А1он

ВИДЕО: Изгоре затвор во Бурунди, починаа 38 затвореници

А1он